Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека долговите на Велика Британија нема да бидат отпишани со нејзиното излегување од Европска унија.
Тој посочи дека долговите на Велика Британија ќе продолжат да важат и по излегување на земјата од ЕУ.
Шојбле по состанокот на министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ во Брисел се осврна и на Турција, потенцирајќи оти „е незамисливо“ однесувањето на турските политичари, кои организираат кампања по повод референдумот за уставни промени.