(ВИДЕО) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ бара претседател на комисијата за избори, го опструира Собранието

Од:

Завршивме со координацијата за денес, нема поместување во однос на деблокирањето на институциите. Побаравме да продолжи седницата со 67 потписи од пратеници, рече генералниот секретар на СДСМ и пратеник Оливер Спасовски.

Тој кажа дека откако прифатиле ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во комисијата за избори и именување, партијата на Никола Груевски побарала да има претседател во комисијата.

– ВМРО-ДПМНЕ ја опструира Македонија. Не сака да функционира Собранието со цел да си ги зачуваат сопствените места, рече Спасовски.

Тој објасни дека Собранието бира кој ќе биде претседател, кој заменик претседател, а кој ќе бидат членови во комисијата, онака како што е пропишано во деловникот.

Спасовски најави дека утре на пладне ќе продолжи координацијата со екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование