(ВИДЕО) Села: Оној кој не сака да почне Собранието со работа е анархист

Од:

Кризата продолжува, дури добива и поголем замав. Единствена можност за излез од кризата е по институционален пат, а не пад на институциите, рече лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по средбата со комесарот Хан и европратениците.

Тој кажа дека не треба да се земаат поранешни изјави и да се сервираат како да се сегашни, туку треба да почне Собранието со работа, а секој кој не го посакува тоа е анархист.

– Претседателот може да има стотици лични ставови. Како претседател нема право на личен став, туку да постапува по Уставот и да го даде мандатот, рече Села.

Лидерот на Алијансата за Албанците кажа дека треба да се избере претседател на Собранието, што ќе биде уште еден доказ за мнозинство од 67 пратеници и напомена дека тој нема да биде кандидат за претседател на Собранието.

Би можело да ве интересира

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Ново уредување на уставниот поредок една од темите на Централното претседателство на АА

Таравари му одговори на Села: Седна во скутот на Ахмети

ВЛЕН: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, достоинствено ќе ги претставуваме сите Албанци

Катерина Ѓуровски