„Плати со поезија“ првпат во Велес

Од:

Поттикнување на поетскиот дух кај младите и возрасните и откривање нови поетски таленти е целта на глобалниот настан „Плати со поезија“, кој по повод Светскиот ден на поезијата, годинава освен во Скопје се одржа и во кафетеријата „Чао кафе“ во Велес.

Трета година по ред Македонија е дел од глобалниот настан „Плати со поезија“ што го организира „Јулиус Мајнл“ во 36 држави и во над 1.400 кафетерии низ светот, по повод Светскиот ден на поезијата

-Со пишување на поезија денеска велешките поетски надежи имаа можност да се приклучат на манифестацијата да напишат поезија и да испијат бесплатно кафе или чај. Во Велес имаше огромен интерес на љубителите на поезијата од сите генерации, а што пријатно не изненади, истакна Љупка Андоновска од организацијата на манифестацијата.

Дел од стиховите кои денеска ги напишаа љубителите на поезијата од Велес, како и оние од Скопје, познати писатели кои се подржувачи на манифестацијата, а кои ќе ги оценат како најуспешни, како што појасни Андоновска, потоа ќе бидат отпечатени во брошурата на манифестацијата насловена „Плати со поезија“.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон