Лидер на „Хезболах“ е убиен од свои луѓе во Сирија, соопшти шефот на израелскиот Генералштаб

Од:

Висок израелски генерал изјави денеска дека познатиот командант од „Хезболах“ Мустафа Бадредин е убиен минатата година во Сирија, од страна на неговите ривали во шиитската група, ппренесува БТА.

Началникот на Генералштабот на израелската армија Гади Ајзенкот на научна конференција соопшти дека загинувањето на Бадредин во мај минатата година е илустрација на „длабоката внатрешна криза” во проиранската група. Според зборовите на генералот, тоа го покажува и „степенот на суровост, конфузија и тензии меѓу Хезболах”и нејзиниот заштитник Иран“.

Неименува извор од вооружените сили на Израел тврди дека наредбата за убиство на Бадредин е издадена од страна на лидерот на „Хезболах” Хасан Насрала. Израелското разузнавање смета дека Бадредин бил во конфликт со иранската воена команда во Сирија поради тешките загуби во жива сила на „Хезболах” на тамошното бојно поле .

По смртта на Бадредин минатата година, од „Хезболах” рекоа дека тој загинал во напад на бунтовници во Сирија. Тој беше сметан за висок воен командант во „Хезболах” и е еден од петмината членови на групата, судени во отсуство во Холандија поради бомбашкиот напад во 2005 година во Бејрут, во кој беше убиен либанскиот премиер Рафик Харири и уште 21 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Израел и Хезболах се на чекор од постигнување на договор за мир