Новиот Луна парк во Скопје ќе се протега на 24.000 метри квадратни и ќе чини 6,5 милиони евра

Од:

Град Скопје информира дека новиот Луна парк ќе се протега на околу 24.000 метри квадратни, а вкупната проценета вредност за изградба, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

Главниот забавен дел на паркот ќе има два адреналински реквизита, шест семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.

Во Луна паркот во отворениот дел ќе има влезна партија со билетарница, продавница за сувенири, ресторани, канцеларии за администрација, тоалети и гардероби за вработените, како и затворен мултинаменски објект со облик на школка.

Целиот простор во Луна паркот ќе биде партерно и хортикултурно уреден и ќе биде поставена урбана опрема во согласност со темите кои ги прикажува забавниот парк.

– Со овие постапки, скопјани конечно ќе добијат нов, модерен забавен парк со нова опрема и реквизити, кој не е обновен од неговата изградба во 1973 година, соопшти Град Скопје.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство