Кражба на бензинска пумпа во Скопје

Од:

Непознат маскиран сторител утрово во 2.10 часот на бензинска пумпа на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје извршил разбојништво.

Како што соопшти денеска МВР, сторителот со закана со нож од вработените ги одзел парите од дневниот промет. Кога еден вработен се обидел да го спречи во намерата, сторителот замавнал со ножот и му нанел удар во близина на десната слепоочница. Вработениот со итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби