Претставниците на сириската Влада и на бунтовниците денеска го пријавија своето присуство на мировните преговори во Женева оваа недела, соопштија ОН.
– Сите поканети, кои присуствуваа на претходната рунда преговори минатиот месец, го потврдија учеството, изјави портпаролката на ОН, Александра Велучи.
Според неа, главен акцент на мировните преговори ќе биде ставен на четирите прашања – управување, уставни промени, избори и борба против тероризмот.