„Исправи се“ – нов проект на општина Центар

Од:

„Симболично, на првиот ден од пролетта, општина Центар го започна проектот „Исправи се“.

Со овој проект, 1111 ученици од прво и второ одделение од сите седум основни општински училишта во Центар ќе бидат прегледани од стручни лекарски тимови за навремено дијагностицирање на било какви деформитети кај децата.

Искривувањето на ’рбетниот столб како сколиоза, лордоза, кифоза, неправилно држење на телото и деформитетите на долните екстремитети и на стапалата, се потенцијална опасност, особено за децата на оваа возраст. Несоодветниот пристап кон овие деформитети може да доведе до сериозни последици.

„Општина Центар се грижи за двоите најмлади жители и за нивниот здрав раст и развој. Затоа, го почнуваме овој пилот проект со учениците од прво и второ одделение, но ги повикуваме и родителите и наставниците по физичко и здравствно образование да пријават доколку и кај деца од повисоките одделенија забележат неправилно држење на телото или деформитет“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Проектот започна кај децата во основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“ и продолжува во сите основни училишта во Центар.

Се прават дијагностички превентивни прегледи на ’рбетниот столб и на долните екстремитети за дијагностицирање на било какви неправилности, со што ќе може побрзо да се дејствува за нивно корегирање и отстранување.

Проектот „Исправи се“ општина Центар го реализира во соработка со ординацијата за физикална медицина и рехабилитација „Твое Здравје“, а секој родител ќе добие извештај за наодите на своето дете, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории