Без вода утре од 10:00 часот до санирање на дефект ќе бидат корисниците од село Долно Лисиче, дел од улиците „Жарко Зрењанин“ и „Киро Фетак“, во општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради промена на затварач со Ф 80мм на улица „Маршал Тито“ бб.
Утре без вода од 8:00 часот до санирање на дефект ќе бидат и корисниците од висока зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, како и делови од булевар „Борис Трајковски“ и населба Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф 700мм на улица „Христо Татарчев“ во кругот на ЈП „Улици и Патишта“.