Австралиската радио станица „Тудеј Еф Ем“ ќе исплати над 500.000 долари на семејството на 46-годишната медицинска сестра Хасинта Салдања, која беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон во петокот.
Британската полиција смета дека Салдања се самоубила, откако на 7 декември двајца водители на австралиската радио станица Мел Крејг и Мајкл Крисчн, се претставиле како кралицата Елизабета Втора и престолонаследникот Чарлс, и успеале да извлечат доверливи информации за состојбата на војвотката од Кембриџ, Кејт, сопруга на внукот на кралицата, принцот Вилијам.
Компанијата „Садер крос остерио“, сопственик на „Тудеј Еф Ем“, објави дека веќе е создаден специјален меморијален фонд за донации за помош на семејството Салдања.
Двајцата водители беа суспендирани на неопределено време.