ВИДЕО: Високи тонови на седницата во општина Центар за изградба на улицата на Кеј

Од:

Наместо да разговараат за изградба на улицата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски дека „фрлал магла во очите на граѓаните“ со стопирање на изградбата, бидејќи не сработил ништо во својот 4-годишен мандат.

На тоа Жерновски одговори дека приоритет е да не се изгуби шеталиштето на граѓаните, а за тоа дали е нешто сработено или не, граѓаните наскоро ќе одлучат на избори.

Кога се огласија сопствениците на кафулињата на Кејот дека се против изградба на оваа улица, советниците од ВМРО-ДПМНЕ им порачаа дека не се на партиски митинг.

Совентнците на ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснуваа дали се против или за изградба на улицата. Единствено рекоа дека доколку се остави така Кејот ќе немало пристап за Итна помош и Пожарна до зградите и околните кафулиња.

„Има пристап за Итната помош и Пожарната. Поголема е опасноста да згасне живот ако се изгради улица отколку сега“, рече Мануел Тасевски од Здружението на угостители на Кејот.

Советот со 12 гласа за ја донесе одлуката за изглед на градби, а во 15 часот почнува нова седница.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории