Министерот за правда Блерим Беџети денеска додели 132 решенија на судски преведувачи кои го положиле испитот со што ќе бидат поставени за постојани судски преведувачи во судовите во Република Македонија.
Реформите во судството на планот на обезбедување на правото на судски преведувач со извршените измени во законите и подзаконските акти, според ресорниот министер, придонеле да се добијат соодветно обучени и искусни преведувачи, кои ќе ја извршуваат својата работа на најпрофесионален и одговорен начин.
– На овој начин Република Македонија ја подобрува состојбата за исполнување на критериумите на Европската унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како утврдена политика на Унијата, посочи Беџети.
Ова е 10. јубилејна сесија за организирање проверка на знаењето на странски јазици и јазиците на заедницата кои не се мнозинсто во Република Македонија.
Првата испитна сесија беше спроведена во септември 2008 година, а до сега испитот го положија 1.126 судски преведувачи за 22 странски јазици и јазиците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија и распоредени се во 26 основни суда низ државата.