„Градот Скопје повторно сака да ја информира јавноста околу дел од нејаснотиите поврзани со изградбата пристапна улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември.
Господине Жерновски на која општина сте вие градоначалник? Дали си ги познавате ингеренциите. Што правевте четири години?
Да ви повториме!!! Доколку не ви се допаѓа планот зошто не го сменивте???
Дали стоите на зборот дека посочената сообраќајница е подземна во ДУП-от е подземна како што велите и доколку е така дали сакате истото да го докажете пред судските органи?
ПОВТОРУВАМЕ: Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека изградбата на оваа пристапна улица со посебен сообраќаен режим е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар во 2012 година, а истата ја гради приватен инвеститор.
Повторуваме , Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради.
За жал, оваа тема веќе подолг период се злоупотребува од страна на одредени институции и политичари, кои се обидуваат да ги извртуваат фактите и се обидуваат да ја манипулираат јавноста.
Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за пристапна улица која според сегашниот ДУП не е подземна туку е надземна и е со посебен сообраќаен режим, која ќе биде уредена од плочки. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење“ се вели во соопштението на Град Скопје.