Младата женска ракоментна репрезентација на Македонија (до 19 години) се на чекор до пласман на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Словенија.
Со синоќешниот триумф над Молдавија со 44-25, а во рамките од првата квалификациска група чии средби се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје избраничките на селекторот Борче Марковски се многу блиску до освојување на второто место кое води на ЕП во Словенија.
Убедливиот пораз на ракометарките на Фарските Острови од Унгарија со 41-16, ја искачи Македонија на втората позиција со ист број бодови (2) како и Фарските Острови, но подобра гол разлика (Македонија +4, Фарски Острови -7).
Така, во вечерашниот меч со Фарските Острови на нашите јуниорки им одговара и нерешен резултат, но сигурно дека црвено-жолтите ќе дадат се од себе да остварат и победа со која ќе го потврдат второто место.
Натпреврот Македонија – Фарски Острови ќе се игра во терминот од 19 часот и 30 минути, а од таборот на нашата млада селекција ја повикуваат побликата да им даде поддршка во обидот да се оствари пласман на континенталното првенство во Словенија.