СДСМ: Ќе има нова реформска Влада, Груевски мора да се помири со тоа

Од:

„Никола Груевски не може повеќе ни преку неговиот портал Курир, ниту преку другите медиуми под негова контрола да ги лаже граѓаните за Програмата на новата Влада.

Граѓаните ја имаат пред себе Програмата на новата реформска Влада, којашто ја гарантира унитарноста на државата, како и грижата за граѓанските потреби. А во неа нема ништо за што зборува уплашениот Груевски, кој е подготвен на секакви злоупотреби, на медиуми, деца, граѓани, провокации само да ја продлабочи политичката криза за да се обиде да се спаси од одговорност за криминалите.

Демократските процеси се почати, околу 700 граѓани заедно избраа промени и правда, а тоа го очекуваат и сите други граѓани во Македонија кои сакаат квалитетен и спокоен живот и развој на Македонија.

Мора да има мирен трансфер на власта, Груевски мора да се помири со тоа. Македонија оди напред“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар