СДСМ: Димовски да не зборува за медиумите и судството што ВМРО-ДПМНЕ ги уништи, да се појави во Собрание

Од:

„Илија Димовски не може да зборува за медиумите и за судството, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години посветено работеше на уништување на професионалните медиуми и против независна судска власт.

Наместо да зборува за прашања за кои со своите политики им наштетија на граѓаните, Илија Димовски треба да прифати дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, да ја исполни својата должност, како пратеник да биде присутен во Собранието, и да не се обидува по налог на Груевски да ги попречува демократските процеси.

Независност на медиумите и професионално судство овозможува Програмата на новата реформска Влада.

Огромното мнозинство од 700 илјади граѓани избра промени. Ќе има и конститутивна седница, и мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците