ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДСМ застанува во одбрана на Села

Од:

„Што се случува со СДСМ Прилеп? Еве уште еднаш невешто пробувате да спинувате и манипулирате со јавноста.

Зарем до толку ниско падна партијата и слепо се бори за федерализација и двојазичност во Прилеп? Има ли поголем срам за нив ,кога дошло време Зијадин Села и албанската пратеничка што Македонија ја нарекува Илирида да бидат нивни идоли и да им се поклонуваат! Миле за кои политички говори, за кои злоупотреби од директорите зборуваш? Зарем искажан став дека Македонија треба да е унитарна,без промена на име, знаме и химна е кривично дело? Зарем искажано мислење на млад човек за својата држава е грев?

Изгледа за злоупотреба на учениците мислевте на шарената револуција, во која дел млади луѓе исфрливте во првите редови манипулираќи ги да уништуват јавен и приватен имот и да уништуваат јавни институции?

Ќе одите ли на суд како обвинители против човек што се изјаснил дека ја сака својата татковина? Миле,тоа е гордост и морална обврска на секој Македонец. Не знаеме каков ви е идентитетот или сте се пронашле во оние без идентитет како што вели вашиот коалиционен партнер Сеља,но верувајте дека полека станувате синоним на борци за воведување на албанскиот јазик во прилепското образование! Дали, утре ќе одите во Струга и Куманово и на Села ќе му поднесите кривична за иредентизам и ширење омраза,а во Куманово на директорот на Гимназијата, покрај кривичната ќе му донирате и веб камера со подобра резолуција? Жално е за вас, да ги величате неморалнните и иредентистите,а да ги црните ПАТРИОТИТЕ. Но за жал се е можно! Елитата од неколку луѓе на СДСМ Прилеп се продаваат и самите и државата и јазикот само да стигнат до фотељи, заедно со Зијадин Села! А, ние како Општински комитет ви подаруваме едно македонско знаме со кое би им се придружиле на организациите и граѓаните кои секојдневно маршираат за одбрана на својата татковина во 18 часот!“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав