Прием за стократните крводарители во Виничко

Од:

По повод Светскиот ден на крводарителството, градоначалникот на Виница, Емил Дончев денеска организираше прием за стократните дарители на крв во општината, меѓу кои и виничкиот рекордер со 150 пати дарувана крв, Благој Николов.

Истакнувајќи ја важноста на хуманиот гест кој со години го практикуваат овие големи луѓе, Дончев ги поздрави ветераните во крводарителството, изразувајќи јавна благодарност до рекордерот Благој Николов. Воедно за сите кои го постигнале и надминале максимумот од 100 пати дарена крв, од општината им беа врачени пригодни награди.

Општинската организација на Црвен крст-Виница, изминатата година обезбеди 1.240 крвни единици за потребите на трансфузиологија, што е помалку во однос на 2015 година со што го загуби и приматот „најхумана“ општина во државата според број на жители.

Намалувањето на собраните крвни единици се должи пред се на непочитувањето на законската обврска за работниците крводарители од страна на некои поголеми фирми во градот. Инаку според број на жители, како редовни крводарители се евидентирани 4.700. Од нив нa 180 вечер на свечена академија ќе им бидат доделени признанија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Избегната трагедија во Виница: Пред кафана со нож го избодел познаникот

Директорка на училиште во Виница си ја вработи ќерката без соодветно образование

А1он

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски