СНП: Лондон плаши од втор референдум за независност на Шкотска

Од:

Заменик лидерот на Шкотската национална партија (СНП), Ангус Робертсон ги обвини денеска британската Влада и премиерката Тереза Меј дека се исплашиле од одржувањето втор референдум за независност на Шкотска.

Робертсон, кој е и лидер на пратеничката група на СНП во британскиот Парламент, тврди дека решението на Меј да ја блокира постапката за втор референдум и ставњето на вето на Лондон, околу новото изјаснување на Шкотланѓаните за својот иден статус, претставува „грубо газење на демократските права“.

– Владејачките конзервативци очајнички се обидуваат да попречат секого кој ќе им се спротивстави на тврдиот Брегзит, изјави Робертсон на пролетната конференција на СНП, што се одржува во Абердин.

Меј вчера ја отфрли можноста да се зборува и да се покрене референдум во Шкотска, пред да се обезбеди договор за Брегзит со ЕУ.

Лидерката на СНП и шкотска прва министерка Никола Старџен, претходно соопшти дека идната недела во Парламентот во Единбург ќе покрене иницијатива за организирање нов референдум за отцепување на Шкотска од Велика Британија во есента 2018 или на пролет 2019 година.

Според Старџен, иако има само 2,5 години од првото изјаснување од септември 2014 година, кога мнозинството шкотски гласачи се определија за останување во Обединетото Кралство, сегашната иницијатива доаѓа затоа што Британците, а пред се Англичаните, се определија за Брегзит.

Таа и СНП и сугерираат на Владата во Лондон договор за да се избегне тврд Брегзит, што значи останување на Велика Британија (и Шкотска) на заедничкиот пазар на ЕУ, затоа што на тој начин ќе се одбегне потребата од втор референдум за независност, но Меј одбива да се договра со влаадата во Единбург.

Меј сега инсистира на единство на сите во Велика Британија пред преговорите за излегување од ЕУ, за кое освен Шкотланѓаните се против и мнозинството Северноирци.

Ангус Робертсон вели дека никој надвор од Шкотска, не може да одлучива за иднината на земјата и дека тоа право го имаат само Шкотланѓаните.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on