(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Поднесуваме кривична пријава за одговорност на директорите на училиштата

Од:

„Денеска поднесуваме кривична пријава до ОЈО Прилеп, против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“Киро Николоски, кој на очиглед на целата јавност изврши тешка злоупотреба на службената положба и овластувања.

Наместо да ги заштити децата од партиски злоупотреби, што му е должност, Николоски самиот, преку партиски говори во гимназијата ги поттикнувал учениците на протести, на коишто се шири национална омраза.

Покрај пријавата за директорот на прилепската гимназија, истовремено поднесуваме кривична пријава против Жарко Темелкоски, директор на Средното индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ за истото дело.

Надлежните институции мора да постапат по вакви груби злоупотреби на учениците во партиски цели. Никој не смее да злоупотребува учениците за партиски интереси.

Денеска ќе побараме и итно свикување на вонредна седница на Совет на општина Прилеп, на којашто мора да присуствува и градоначалникот Марјан Ристески!

Барањето е потпишано од една третина од советниците, со што според Закон за локална самоуправа претседателот на Совет е должен да свика седница.

Локалната самопурава во Прилеп е должна да ги осуди злупотребите на ученици во средните училишта во Прилеп.

Градоначалникот Ристески не ги спречи прекините на настава за политички цели, напротив ги дозволи. Не ги разрешува директорите на училиштата, со што е соучесник.

Македонија е на чекор до промените што ќе обезбедат правна држава, независни институции и вистински кавлитетен образовниот процес. Секој кој го прекршил законот ќе одговара“, изјави Миле Талевски – Член на Совет во Општина Прилеп од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување