Пораки за упад во гимназијата во Прилеп: Влезете внатре да ги исплашите комуњарите

Од:

Висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп испратил порака на Вибер до членови на Унија на Млади сили во Прилеп од кои го побарал денешниот упад во гимназијата Мирче Ацев за како што пишал во пораката „да ги исплашат комуњарите“.

Лицето кое до А1он ја испрати пораката вели дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, но дека секој родител треба да го види разговорот и да размисли дали децата им се сигурни кога ги праќаат на училиште.

Директорот на гимназијата, кој во изјава за медиумите кажа дека не се кае за политичкиот говор кој го одржа пред средношколците денеска не бил дојден на работа, а вратите на демонстрантите им ги отворил заменик-директорот.

Денеска пред гимназијата на мирен протест излегоа родителите на учениците во гимназијата кои рекоа дека ќе побараат санкции за директорот Кирил Николоски. Тие истакнаа дека се загрижени за безбедноста на децата кои треба да бидат на настава, а не на протести.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски