СДСМ: Апсурдите со кои излезе Коневски се уште еден доказ дека и за ВМРО-ДПМНЕ се неопходни промените

Од:

„Неверојатно е на какви апсурди се натерани функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за интересите на фамилијата на Никола Груевски.

Ивица Коневски вели дека толку многу фирми се отвориле во Аеродром што двојно ја намалиле невработеноста на жителите во општината?!

Прво, каде и во кои компании во Аеродром се вработени преку 3000 луѓе, кога во сите компании заедно што тој ги набројува се вработени само околу стотина лица?!

И дали тоа значи дека во фирмите низ општина Аеродром, работат само жители на општина Аеродром?!

Во услови на над 626.312 иселени луѓе од државата, над 500.000 граѓани кои живеат под работ на сиромаштијата, со контролиран Завод за статистика и Агенција за вработување што намалува невработеност со бришење вработени, само вакво бесмислено оправдување и можел да најде градоначалникот Конески.

Неговата прес конференција е класичен доказ на што се е подготвено раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие не прават само злоупотреби на деца, не прават само притисоци врз директори, не вознемируваат само граѓани за да протестираат за нивна заштита, туку ги потценуваат и сопствените членови.

Затоа на Македонија и се итно потребни промените за кои гласаа мнозинството граѓани, што ќе донесат демократија, правда но и достоинство за секој граѓанин, без разлика на каква било различност, вклучувајки ја и политичката“ се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат