Адам од Говрлево во Музејот на Град Скопје

Од:

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде изложено познатото керамичко машко торзо Адам од Говрлево и ќе биде промовирана монографијата „Церје – Говрлево и Милош Билбија“ од Љубо Фиданоски, кустос за неолит во Музејот.

Како што соопшти Музејот на Град Скопје, Адам ќе си го добие заслуженото место меѓу археолошките неолитски експонати во посебна витрина и со соодветен каталог, како исклучителен неолитски наод од автентичното културно наследство на Македонија.

Монографијата се состои од два дела кои одделно зборуваат за локалитетот Церје – Говрлево (историјатот на истражувањата и дел од откриените наоди) и за животниот пат на археологот кој го откри и валоризира локалитетот, Милош Билбија, како и неговите објавени и необјавени размислувања, односно нераскинливата врска меѓу Билбија и Говрлево.

Со оваа манифестација ќе се одбележат 30 години од првите археолошки истражувања на локалитетот кој досега има дадено голем допринос за праисторијата на Македонија и пошироко.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска