Во протестите кои деновиве ги организира македонската партија на власт, неретко се слушаат ксенофобични, расистички и извикувања кои поттикнуваат омраза кон Албанците. За ова појава да биде алармантна, за ова се грижат и директорите на многу основни и средни училишта, кои ги принудуваат учениците да излезат на протести и да ги подржат овие извикувања.
Вчера беше објавена една видео снимка, во која директорот на едно средно училиште во Прилеп јавно држеше говор на омраза против Албанците и албанскиот јазик и бараше од учениците да се мобилизираат и да учествуваат во протестите кои се организираат под изговорот дека се за заштита на унитарниот карактер на државата и заштита на македонскиот од албанскиот јазик. Овој случај, кој беше објавен вчера, како и многу други слични места, зборува за влијанието и инфилтрирањето на политиката во образовните институции, во кои треба да се култивира токму знаењето, меѓусебната почит и културата. И како ова да не беше доволно, деновиве и академци од МАНУ го зголемија говорот на омраза, кои исто така им служат на ваквите кругови кои повеќе наликуваат на инквизиторите и антисемитите отколку на образованите луѓето од образованието, науката и културата.
Тргнувајќи од ова, Движењето БЕСА најостро го осудува политизирањето на основните и средните училишта и апелира до надлежните институции, како што е Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат, како и до другите институции, да превземаат чекори и да го осудат ваквото однесување и притисоци врз учениците и вработените од страна на директорите на училиштата. Исто така, се надеваме дека и другите разумни интелектуалци и академци ќе се дистанцираат од говорот на омраза, кој денеска се слуша и од институцијата која треба да биде гнездо на знаењето и на највисоките интелектуални вредности, како што е МАНУ.