Во неизвесен натпревар од 1. коло од групата 1, домаќинот на 10-тото Европското првенство Србија и Шведска одиграа нерешено 23:23. Ова беше последниот натпревар од групата 1 одигран синоќа во Белград. Репрезентацијата на Србија испушти предност од пет голови 23:18 во 52. минута и им дозволи на шведските ракометарки да освојат еден бод.
На другите два натпревара одиграни во „Комбанк Арена“ во Белград, европскиот шампион Норвешка постигна убедлива победа против Франција 30:19, додека Данска ја победи Чешка со 33:30.
Табела: Норвешка 6 бодови, Данска 4, Србија 3, Шведска 3, Франција 2, Чешка 0.
Утре се играат натпреварите од 2.коло во двете групи:
Група 1 (Белград): Чешка – Франција (почеток 16:10 часот), Норвешка – Шведска (18:10 часот) и Србија – Данска (20:10 часот).
Група 2 (Нови Сад): Шпанија – Русија (16:15), Германија – Црна Гора (18:15) и Унгарија – Романија (20:15 часот).
Табела група 2: Црна Гора 6, Унгарија 4, Романија 3, Шпанија 2, Русија 2, Германија 1.
Двете првопласирани репрезентации од групите ќе играат во полуфиналето, а третопласираните ќе играат во натпреварот за 5.место.