СДСМ: Креаторите на кризата да се отрезнат што прават!

Од:

„Aко ВМРО-ДПМНЕ сака унитарна и суверена Република Македонија и се грижи за потребите на граѓаните, треба веднаш отворено да ја поддржи Програмата на новата реформска Влада, да прифати дека е опозиција и да овозможи мирен трансфер на власта.

И за домашната и за меѓународната јавност е јасно дека ова што го прават Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето поделби меѓу граѓаните, омраза и нетрпеливост, има за цел само заштита на криминално стекнатото богатство и обид за бегство од одговорност.

За колку несериозни политичари станува збор, кои не мислат на своите граѓани, покажува однесувањето на Ѓорге Иванов, за кого државен приоритет не е формирањето Влада, туку неговите прошетки по Азербејџан, Унгарија и Австралија.

Од денеска и Емил Димитриев кој извршува функција технички премиер, не е во државата.

Во услови кога нема нова Влада, Собранието нема претседател, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се ориентирани кон сценарија на конфликтност, ова е крајно ризично и бара итно отрезнување на креаторите на кризата и многу брза разврска на политичката криза.

Институциите мора веднаш да се формираат и државата мора да профункционира според мнозинска волја на граѓаните.
Република Македонија мора да ја добие и ќе ја добие новата Влада којашто ќе ја гарантира стабилноста, безбедноста и добрата иднина на граѓаните и на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ