Социјални бизниси за решавање општествени проблеми

Од:

„Генерирање идеи и бизнис модели“ е темата на работилницата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) и Сеавус Инкубатор, во соработка со Млади Инфо.

Работилницата е наменета за претприемачи и стартапи коишто се занимаваат со социјално претприемништво. Целта е да се поттикне претприемачкиот дух за отворање социјални бизниси кои решаваат општествени проблем. Овие бизниси кои денес сочинуваат помалку од пет проценти и во најразвиените земји во светот, посочуваат организаторите, се иднината на т.н нови бизниси.

Покрај запознавањето со оваа проблематика, на учесниците ќе им се помогне преку практична работилница да развијат идеја и бизнис модел со кои ќе можат да аплицираат за Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award Македонија.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски