Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ изјави дека безбедносните служби ги договориле сите мерки за безбедност за утрешната средба на премиерите од Западен Балкан во Сараево.
Мектиќ истакна дека самото место на средбата ќе биде обезбедувано од снајперисти, а посебно внимание ќе биде посветено на безбедноста на српскиот премиер Александар Вучиќ, кој беше нападнат за време на посетата на меморијалниот центар Поточари кај Сребреница во 2015 година.
Босанскиот премиер Денис Звездиќ, кој е домаќин на западнобалканската шесторка, вчера категорично ги отфрли шпекулациите во медиумите дека постои закана за безбедноста на учесниците на средбата, посебно на премиерот Вучиќ.