Лидерот на грчките социјалисти и поранешен министер за финансии, Евангелос Венизелос повика на формирање на широка владина коалиција.
Таквата влада, според него, ќе биде во можност да преговара со доверителите за финансиска помош на Грција по изборите, закажани за 17. јуни
Венизелос, кој беше вклучен во преговорите за спасување на претходниот договор, предупреди дека тесна коалициска влада не би била во можност да преговара за подобри услови за добивање финансиска помош, изјави за АП.
Тој рече дека неговиот предлог беше доставен до лидерите на четирите партии, вклучувајќи ја и конзервативната партија Нова демократија и на радикалната левичарска коалиција Сириза.
Социјалистите се можеби и најголеми губитници на изборите на 6-ти мај, паѓајќи на трето место, од 44 паднаа на само 13 проценти поддршка.