На рускиот фудбалски прволигаш Ростов забрането му е да игра натпревари од тамошниот шампионат на својот стадион поради катастрофалниот состојба на теренот, пренесува „АП“.
Лидерите на руската Премиер лига ја донесоа оваа одлука по критиките на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо по дуелот на двете екипи во Лигата на Европа кој заврши нерешено 1:1.
Португалецот минатата недела искажа низа критики за теренот во Ростов и го нарече ливада.
Се додека не се подобри состојбата, фудбалерите на Ростов кои во моментов се на 8.место во рускиот шампионатот, ќе мора натпреварите како домаќини да ги играат на друг стадион.