Заев на средбата со Јазбец: Ќе ја тргнеме секоја пречка за изговор од Иванов и Македонија ќе добие нова Влада!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

Тема на состанокот беше процесот на формирање нова Влада во Република Македонија.
Претседателот Заев го информираше амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата.

-Ја објавивме Програмата на новата реформска Влада за унитарна, суверена Република Македонија, којашто ќе биде посветена на економијата, социјалната кохезија, владеењето на правото, што е интерес на сите граѓани. Планираме да ја тргнеме секоја пречка за изговор од Ѓорге Иванов околу доделувањето на мандатот. Во таа насока, очекувам, во следниот период во Собранието да биде избран новиот претседател на Парламентот кој ќе испрати допис до Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека почнува да тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот за формирање на новата Влада.

Заеднички е констатирано дека е неопходно да продолжат демократските процеси во Македонија по кредибилните избори, во насока на силна посветеност на реформските процеси што обезбедуваат евро-атлантска перспектива на државата, а со тоа и квалитетен животен стандард за граѓаните и стабилност и безбедност на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ