Мнозинството Шкоти се против независноста од Велика Британија, покажа анкетата, што беше објавена денеска во весникот „Тајмс“.
Првиот министер на Шкотска Никола Старџен изјави во понеделникот дека ќе побара од шкотскиот Парламент дозвола да организира нов референдум по прашањето за независноста кон крајот на 2018 или во почетокот на 2019 година.
Анкетата што беше направена по изјавата на Старџен, покажа дека 57 отсто од Шкотите се против независноста.
Анкетираните лица, со 62 отсто го отфрлиле излегувањето од Европската унија на референдумот во Велика Британија во јуни минатата година, кога 52 проценти од Британците изгласаа Брегзит.
Британската премиерка Тереза Меј веднаш се изјасни против намерата на Старџен и изјави дека тоа создава несигурност во моментот кога земјата треба да се обедини.
– Независноста нема да значи присоединување кон ЕУ, предупреди МЕј.