Ракометарката на ЖРК Вардар и српска интернационалка Сања Дамњановиќ за медиумите од Србија најави дека на крајот од сезоната ќе ги напушти редовите на македонскиот првак.
– Повторно ќе ја сменам средината. Не останувам во Вардар, а каде ќе продолжам се уште не знам. Имам понуди, а брзо ќе решам, изјави Дамњановиќ за „Спортски журнал“.
Дамњановиќ во Вардар дојде пред две сезони од редовите на данскиот тим Виборг. Во редовите на македонскиот првак во следната сезона остануваат: Андреа Кликовац, Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ, Татјана Хмирова и Александра Лакрабер. Нови имиња од следната сезона ќе бидат српските пикери Драгана Цвијиќ и Марија Петровиќ.