Кривична пријава за поранешен стечаен управник на ТАТ штедилница

Од:

Секторот за внатрешни работи – Битола поднесе кривична пријава против 66-годишниот битолчанец Д.Ј., поранешен стечаен управник на ТАТ штедилница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

МВР информира дека пријавениот, во својство на стечаен управник на ТАТ штедилница Битола, ја искористил својата службена положба и овластување во периодот од 2009 до 2016 година при авансни распределби на парични средства од стечајна маса, на стечајниот должник ТАТ штедилница, несовесно постапувал со стечајната маса и за себе остварил имотна корист од 1.070.500 денари. Пријавениот, како што стои во соопштението, поднесувал предлози за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, за што добивал решенија од Стечајниот Совет, иако знаел дека на сметката на ТАТ нема доволно парични средства. За да го обезбеди потребното салдо на парични средства за исплата на сите доверители, тој ги повлекувал паричните средства од доверители кои од различни причини не ги имале подигнато од своите сметки во Стопанска Банка АД Битола и на тој начин обезбедувал парични средства за нови исплати. Процентуално, повторно ќе им биле исплатени парични средства на доверителите, но само онолку колку им следува со новата распределба. Доколку се јавеле такви доверители кои не си ги имале подигнато средствата од претходни распределби, тогаш дополнително им се вршела исплата од сметката на ТАТ.

По донесувањето на секое решение за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, пријавениот поднесувал барање до Стечајниот Совет, за добивање дополнителна парична награда одредена според Правилникот за награда и надомест на реално потребни трошоци на стечајниот управник.

Судскиот Совет во пет наврати донел решенија со кои му се одредува парична награда во вкупен износ од 1.070.500 денари.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите