Полските правосудни власти издадоа налог за апсење на американски државјанин од сојузната држава Минесота, под обвинение дека бил нацистички командант во текот на Втората светска војна.
Михаел Каркок, кој сега има 98 години,се обвинет дека наредил да бидат стрелани 44 Полјаци, додека бил командант на нацистичката , украинска Легија за самоодбрана, која дејствувала како дел од германските СС одреди.
Полското обвинителство тврди дека располага со „100 процентни докази“ за вината на Каркок, иако неговото семејство ги отфрла ваквите обвинувања.
Каркок, кој живее во градот Минеаполис, сега се соочува со можна постапката за екстрадиција и судење во Полска. Доколку дојде до тоа, обвинетиот би можел да биде осуден на доживотен затвор и покрај неговата длабока старост.
За неговиот случај, претходно се интересирале и германските власти, кога медиумите почнале да пишуваат за Киркок како за нацистички командант во текот на Втората светска војна.
Неговиот син изјави дека Киркок никогаш не живеел во Полска и дека не бил воен командант, обвинувајќи дека за целиот случај е одговорна Русија, која, според него, подметнала лажни докази.