Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Од:

Oсновното јавно обвинителство – Битола до судија на претходна постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.

Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот на 13.03.2017 година, поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом со вршење на семејно насилство ја лишил од живот оштетената – неговата сопруга Е.М.Д. од Битола.

Осомничениот со повеќе удари со тапо тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход.

Постапката по наведената кривична пријава е во тек, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.​​

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип