Малезиските власти го балсамирале телото на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој на 13 февруари беше убиен на аеродромот во Куала Лумпур.
Во моментов неговите останки се чуваат во мртовечница во главниот град на Малезија, соопшти денеска јапонската телевизија Си-Би-Ес, цитирана од ТАСС.
Според Си-Би-Ес, балсамирањето е извршено во неделата вечер, за да не го привлече внимание во медиумите.
Малезиските власти потврдија дека телото единствено ќе им биде предадено на најблиските роднини на Ким Џонг-нам.
Малезија ќе протера „речиси“ 50 Севернокорејци со истечени визи, соопшти денеска вицепремиерот Ахмад Захид бин Хамиди, цитиран од француските медиуми.
По смртта на Ким Џонг-нам односите меѓу Малезија и Северна Кореја нагло се влошија и двете земји ги протераа амбасадорите.