Кинески војници и турски воен оркестар ќе учествуваат во воена парада по повод Денот на независноста на Пакистан кон крајот на месецов, изјавија пакистанските официјални претставници, јави ДПА.
– Годишнината ќе биде одбележната на 23 март во Исламабад, изјави претставникот на пакистанската армија генерал-мајорот Асиф Гафур.
– Ова е првпат по повеќе децении, војници од други земји да учествуваат на настанот, заедно со нивните пакистански колеги, истакна преставник од сферата на безбедноста.
Пред неколку недели, Обединетите Арапски Емирати учествуваа во парада по повод Денот на републиката во соседна Индија, што одамна е во конфликт со Пакистан поради спорната погранична област Кашмир, како и по други прашања.