ВМРО-ДПМНЕ: Ги повикуваме СДСМ да се откажат од платформата и ќе им дадеме поддршка за влада

Од:

„Со одбивањето да ја отфрли Тиранската Платформа, аболицираниот криминалец Зоран Заев ја отвори пандорината кутија за редефинирање на Република Македонија.

Со отпочнувањето на преговори врз основа на Тиранската Платформа и со својот позитивен став кон неа, аболицираниот Зоран Заев остави можности поединци или групи се поотворено да го негираат македонскиот идентитет и да испраќаат закани кон Република Македонија, искажувајќи територијални претензии.

Албанската пратеничка, Месила Дода е последна во низата кои отворено застанаа против македонските национални интереси. Таа му порача на Зоран Заев дека доколку се повлече од Тиранската Платформа треба да се соберат сеалбанските политички сили за да се помогнат да се одржел референдум за Илирида.

Тоа е цената на игрите на Зоран Заев со Тиранската Платформа која е спротивна на највисоките државни и национални интереси. Ваквите срамни и недолични изјави се производ на уцените на кои потклекна Зоран Заев само од страв дека тој и криминалното раководство на СДСМ ќе треба да одговараат за кривичните дела што ги сториле.

Пазарењето со националните интереси е најнизок и најсрамен чин. Зоран Заев мора да собере храброст, да го послуша народот и да ги отфрли уцените. Не може трите потписи на Зијадин Села да бидат поважни од македонскиот идентитет. Срамно е да се соработува со некој кој во лице те негира и ти кажува дека пред 100 години не си ни постоел.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да се откаже од Тиранската Платформа и реализација на елементите кои што се содржани во неа. Доколку СДСМ го стори тоа ќе му дадеме поддршка на Зоран Заев да формира влада.

Второто решение за излез од кризата се предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Доколку СДСМ и Зоран Заев се убедени дека Тиранската Платформа е добра за иднината на Република Македонија, тогаш истата треба да ја понудат пред граѓаните и граѓаните своето мислење да го искажат на избори“ изјави Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер