Најмалку осум лица загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во близина на хотелот Велија во главниот град на Сомалија, Могадишу.
Директорот на итната служба Абдикадир Абдирахман изјави дека тие ги презеле телата на осуммината згаинати и згрижуваат уште седум повредени лица.
– Спасувачката акција продолжува, а бројот на загинатите може да биде поголем, изјави Абдирахман.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но западните медиуми наведуваат дека радикалната група Ал Шебаб често изведува вакви напади во Сомалија.