Акциски план за животна средина во општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром е една од шесте општини кои се одбрани за изработка на акциски планови за поголема вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки од областа на животната средина, за периодот 2017 – 2020 година, во организација на „Центарот за климатски промени“.

Како што соопшти општина Аеродром, акцискиот план ќе биде изработен заедно со граѓанските организации кои се активни во општината и треба да овозможи поголема соработка меѓу општината и јавноста, преку спроведување заеднички активности кои се поврзани со животната средина.

Заедничките активности ќе се однесуваат на организирање заедничка кампања за решавање на одреден еколошки проблем или промоција на одржлив развој, како што се промовирање рурален и еко-туризам, промовирање органска храна, акции за чистење, акции за одржлив транспорт и акции за штедење енергија.

Проектот ќе ги опфати и општините Македонски Брод, Македонска Каменица, Ресен, Струмица и Карпош.

Би можело да ве интересира

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски