Две лица загинаа, а најмалку десетина се водат како исчезнати, како последица од поројните дождови и силниот ветар што го зафатија јужниот дел на Бразил, јавија локалните власти.
Невремето во Рио Гранди до Сул предизвика сериозни штети.
Многу домови се разурнати, а околу 50.000 објекти останаа без електрична енергија.
Неколку улици во Порто Алегри се под вода. Движењето на некои патишта е запрено.