Карате клубот Макпетрол е најуспешен во борби на Меѓународниот турнир „Фунакоши Гичин опен 2017“ освојувајќи 9 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали, односно вкупно 13 медали.
Младите каратисти на К.К.Макпетрол се најуспешни во дисциплината борби (кумите), на Интернационалниот карате турнир ,,Фунакоши Гичин, кој се одржа викендов во Скопје. Овој турнир преставуваше извонредна контрола пред претстојното Државно првенство за пионери, кадети и јуниори на Македонија.
Тренерот Бошко Заборски задоволен од прикажаното на неговите избраници.
– На овој турнир настапи нашиот подмладок, сите тие покажаа дека клубот има одлична перспектива и дека клупскиот младински погон добро функционира. Се надеваме дека и на следните натпревари овие млади каратисти ќе имаат успешни настапи. Покрај добрите резултати кои ги постигнаа спортистите, радува податокот што и младиот тренерски состав на Макпетрол извонредно соработуваше на овој турнир, изјави Заборски.
Златни медали освоија: Давуд Рамадановски (-65 кг) кадети, Кристијан Бошковски (-55 кг), Абдурахим Идриз (-55 кг) јуниори, Данило Божовиќ (+55 кг) родени 2005 г, Даријан Тасевски (-63 кг) родени 2003, Ава Стојковска (-35 кг) родени 2006 и Ева Блажевска (+59 кг) јуниорки.
Сребрен медал освои Димитар Лозановски (-50 кг) категорија родени 2005.
Бронзени медали освоија: Теодора Крстевска (-55 кг) кадетки, Емилија Чешмеџиева (-55 кг) кадетки.
Во дисциплината КАТИ со златен медал се закитија: Ива Мијалкова за жени родени 2006 и Ена Бочваров жени родени 2008, бронзен медал освои Ања Христовска жени родени 2006.