Грчката ултранационалистичка партија Златна зора отвори канцеларија во Комотини, северна Грција, каде живеат голем број етнички Турци.
При отворањето на канцеларијата пратеникот Илиас Панајотарос изјави „Кој се чувствува како Грк да остане во Тракија, другите да заминат на исток. Турци надвор од Тракија“.
Потoа приврзаниците на Златна зора поминале низ турските квартови носејќи транспаренти „Турци – надвор од Тракија“ и се упатиле кон Турскиот конзулат во Комитини. Полицијата не им дозволила на приврзаниците на Златна зора да го преминат булеварот и да се стигнат пред Конзулатот.
Во исто време симпатизери на ултралевичарските организации протестирале поради отворањето на канцеларијата на Златна зора во Комотини.