Навреди и пцости упатиле демонстранти на протестот „За заедничка Македонија“ кон екипата на Телма која во тој момент ги анкетирала, пренесува телевизијата. Освен нападите кон Телма, вчера беше нападната и екипата на телевизија 24 за време на протестот.
Нападите кон медиумите станаа пракса, учениците на протестите стануваат се погласни во навредите кон новинарските екипи. Иницијаторите на протестот се оградија од настаните и кога беше нападната екипата на А1он, но и од нападите врз екипите на телевизија 24 и телевизија Телма. Не чувствуваат одговорност, бидејќи како што велат, не можеле да контролираат толкава маса народ.