Македонски и бугарски текстилни компании со заеднички проект на странските пазари

Од:

Македонските текстилни компании се надеваат дека политичката криза нема да влијае врз склучувањето на договорите со новите партнери кои веќе се во тек. Тие денеска, на средба со бугарски колеги во Штип, договорија соработка за заеднички настап на трети пазари.

Станува збор за проект поддржан од ИПА фондовите за меѓугранична соработка што ќе го спроведуваат Македонската текстилна асоцијација и Бугарската текстилна асоцијација во Ќустендил.

Предност на текстилците од двете земји е квалитетот, но, како што велат, и реномето што го имаат кај странските партнери зашто и едните и другите шијат за најпознатите странски брендови. Сепак, се уште се соочуваат со недостиг на работна сила и сметаат дека не добиваат доволно поддршка од државата.

– Ова ни е трет заеднички проект со Бугарија. Продолжуваме со соработката во насока на зголемување на конкурентноста на пограничниот регион и настап на трети пазари. Денеска сме собрани заеднички да изградиме визија за регионот. Ќе работиме на стратегија за комуникација и, секако, плнираме заеднички моден настан, изјави Наташа Сивевска од Текстилната асоцијација во Македонија.

Според Јордан Беловоцки од Бугарската текстилна асоцијација, македонските текстилни компании заостануваат во однос на модернизацијата на призводството, за разлика од бугарските кои одат напред, бидејќи, со оглед дека земјата им е членка на ЕУ, ги користат фондовите за купување нови машини.

– Државните институции ниту во Бугарија, ниту во Македонија не му даваат заслужена поддршка на текстилниот сектор. Причината можеби е тоа што 99 отсто од компаниите работат лон производство и сметаат дека нашиот производ ја нема потребната вредност. Но, бугарскиот текстилен сектор има 100.000 вработени и е меѓу првите три поголеми индустрии во државата, истакна Беловоцки.

Би можело да ве интересира

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Ана Ололовска

Текстилниот сектор пред колапс, работниците на принуден одмор, се чека петтиот сет мерки

Катерина Ѓуровски

Текстилците најавуваат до 20 отсто отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

Ана Ололовска

Хелсиншки и Гласен текстилец бараат фабриките да не работат за време на полицискиот час

Ана Ололовска

Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, да се гордееме со домашните текстилни компании

Ана Ололовска

Најдобрите времиња на Комбинатот „Тетекс“ во државна сопственост

Драган Поповски