Се гради капела на старите гробишта во Прилеп

Од:

На старите градски гробишта во Прилеп деновиве итензивно се работи на изградба на капелата.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески кој изврши увид во градежните активности истакна дека инвестицијата е 120.000 евра и ќе биде втора капела која се гради во Прилеп во период од само две години.

– Изградбата на капелата е на барање на жителите кои имаат гробни места на овие гробишта. Со оваа капела, според законот, ќе се доуреди целиот простор на старите гробишта. Ова значи дека по капелата што пред две години се изгради на новите градски гробишта во Прилеп за потребите на градот, ќе се добие уште една капела. Средствата за овој проект се обезбедени од Здружението кое управува со овие гробишта, но исто така дел од нив ќе бидат обезбедени и од локалната самоуправа. Инвестицијата изнесува околу 120.000 евра, рече Ристески.

Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање објасни дека оваа капела ќе биде од помал обем за разлика од онаа на новите градски гробишта, каде може да се изведуваат и по четири погребни церемонии исто време.

– Ова капела е со помал обем за разлика од онаа што е изградена на новите градски гробишта. Тука ќе може да се одвива само една погребна церемонија, а ќе има и други простории кои се потребни за објект од ваков карактер. Се надеваме дека со овие две капели ќе се задоволат потребите од ваков тип на градот, изјави Нешкоски. Додаде дека капелата ќе биде завршена до почеток на јуни.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај