Наумов: Битолскиот Универзитет маргинaлиизиран од власта на ДПМНЕ!

Од:

Образованието  има сериозна надолна линија во сите нејзини степени. Основното, средното и високото образование се формализираат до ниво, кое не само што не е во согласност со потребите за квалификација на младите луѓе, туку истото не одговара на општествените потреби, укажува СДСМ, Битола.

„Никако нема да се согласам со фактот дека и во наредната буџетска година универзитетот ,,Св. Климент Охридски,, во Битола ќе биде најслабо финансиран државен универзитет во Р. Македонија.Повикувам да не ја прифатиме суровата реалност за маргинализирање на нашиот универзитет, пресликан во предлог буџетот за 2013 година, кој треба да биде донесен во Собранието на Р. Македонија.

– Денес протексионистички се финансира во Штипскиот, Тетовскиот и другите државни универзитети. Се градат нови згради, се отвараат нови факултети, технолошки и кадровски се поставуваат, на студентите им се градат нови студентски домови.Ваквата политика го маргинализира Битолскиот Универзитет, во сите негови аспекти.

– За ваквите процеси виновна е актуелната власт, но исто така од вината не смее да се иземи ниту Ректорот, ниту професорите а најмалку студенските организации, кои длабоко се фатени во канџите на ВМРО ДПМНЕ“, рече Д-р Томе Наумов .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Лажни вести, манипулации, извртување на вистината, политички прогон, напад на новинари, се е тоа исто, копи-пејст

СДСМ: Додека Европа ја преиспитува Конвенцијата за мигрантите, Македонија ризикува изолација

Горан Наумовски

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

(ВИДЕО) Лефков: Филипче е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти