Јункер: Европа со повеќе брзини не е нова железна завеса

Од:

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави оти контроверзните планови, со кои им се овозможува на земјите да се интегрираат со различни брзини по Брегзит нема да создаде „нова железна завеса“.

– Што се однесува на така наречената Европа со повеќе брзини, тоа изгледа како вовед во нови линии на раздвојување, нов вид на железна завеса меѓу истокот и западот. А, тоа не е намерата, истакна Јункер на прес конференција во Брисел.

Во исто време, тој изрази надеж дека Велика Британија еден ден да се врати во ЕУ и покрај гласањето за заминување.

– Не ми се допаѓа Брегзит, бидејќи би сакал да бидам на ист брод со Британија. Ќе дојде тој ден кога Британците повторно ќе се качат на тој брод, се надевам, посочи Јункер.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он